Пациент сведочи за својата борба со короната: Се борев со болеста 86 дена, ме ставија во вештачка кома, а кога се појави надеж стана МНОГУ ПОЛОШО
Бабак Хосрошахи (61) е примен во болница на 22 март поради инфекција од коронавирус, а по 86 дена конечно е пуштен. Тој за Би Би Си открива како изгледал неговиот престој во болница и можноста ја искористи за да му се заблагодари на персоналот на болницата, на кој им го дожи животот.
Хосрошахи вели дека воопшто не знае како се заразил, дека се чувал, ги миел рацете и никогаш не патувал со јавен превоз. Се почнало на петок 13, кога девојката му дошла да го посети. Се чувствувал чудно, но дури утредента измерил температура, која била 38,5 степени Целзиусови. Повикал итна служба, а тие му рекле дека треба да почека уште недела дена пред да повика брза помош. За тоа време температурата постојано му била висока и се чувствувал се полошо.
– Ми беше напорно да одам во другата соба. Едвај станував од кревет за да изедам нешто, ми беше многу лошо и тогаш пријателот повика итна помош, вели Бабак.
На 22 март е сместен во Универзитетската болница Вест Мидлсекс во Лондон. Последно што памети е дека медицинската сестра му донела храна, пилешко и дека се мачел нешто да стави во уста.
– Тоа е се што паметам. Таа соба, тој оброк. Изглед дека сум ѕвонел по луѓе и сум праќал порака до семејството, но и разговарал со лекарот пред да ме стават во вештачка кома. Но јас не се сеќавам на тоа. Три и пол недели подоцна се разбудив на одделението за интензивна нега, вели Хосрошахи.
Додека бил во вештачка кома, му ставиле трахеостома за полесно да дише. Бил приклучен на респиратор. Левото белодробно крило му колабрирало. Кога се разбудил, ништо не прашал, прифатил дека мора да биде тука.
– Се сеќавам дека прашав каде ми се наочарите, зошто не гледам без нив. Не можев да зборувам и бев малаксан, вели поранешниот пациент.
Тогаш сестрите му дале блокче за да напише што му треба.
– Сакав да напишам да ми дадат вода, но на хартијата напиша обични шкртаници. Тогаш ми дадоа табла со букви, но кога сакав да ја покажам буквата „в“, ја покажав буквата до неа. Дури после неколку дена повторно можев да пишувам, вели Хосрошахи.
Во наредниот период постепено ги интензивирав движењата. На почетокот му говореле да седне на работ од креветот, потоа на столица, па после постепено му помагале да застане на нозе и да оди.
– На крајот со помош помагало шетав низ одделението, и секако со помош на големо количество кислород, вели тој.
Физиотерапевтот му рекол: „Браво, ова е како да сте истрчале маратон“.
Некаде околу 30-тиот ден физиотерапевтот му рекол да стане, но не можел и помислил : „Дали некогаш воопшто ќе се оправам?“
– Губев здив, бев приклучен на апарат, но следниот ден успевав да станам, а физиотерапевтот му рекол: „Ќе излезете одовде на сопствените нозе“.
Од тогаш се правел со единствена цел: Да излезе од болница.
После 50 дена е преместен на одделение за да се подготви за излегување од болница. Меѓутоа после два-три дена почнал да се тресе и треската му се вратила. Ја повикал болничарката и после неколку секунди се собрале лекарите и тој е однесен на Одделението за итни случаи на детален преглед. Се утврдило дека има инфекција.
– Една од причините поради која толку долго остана во болница беше што ми ослабеле мускулите на грлото. Персоналот ми препиша вежби и следуваше напредок. На крајот утврдија дека сум доволно силен за да ми ја извадат сондата. Ме пуштија дома како слободен човек, без чевчиња и жици по телото, вели поранешниот пациент и истакнува дека длабоко му е благодарен на медицинскиот персонал.
-Не би бил овде да не беа тие, неверојатни се. Ние се жалиме од нив, но кога ви се потребни и кога си во системот, ништо не им е тешко, вели тој.
Хосрошахи му рекол на својот работодавач дека наскоро се враќа на работа.
– Себеси се гледам како човек кој со една нога е во пензија. Повеќе немам коронавирус, тоа е сигурно. Но последиците од престојот во болница…Уште се опоравувам и ќе ми треба уште некое време за тоа.
Вели и дека му снемува здив кога поминува кратки растојанија и дека и натаму јаде мека храна.
– Кога излегов од болница, јадев само пасирана храна, зошто мускулите во грлото ми беа многу слаби. Имам сега неколку килограми плус од тогаш, но навистина ми недостасува вистински ирански кебаб, вели Хосрошахи.