Патики и јакни за жени преку 50 години
Кога е во прашање стилот на дамите кои имаат преку 50 години, познатите модни критичари се повеќе од јасни – постојат модели што може да ги носи секоја жена без разлика на возраста, но и такви што жените во одредени години треба да се избегнуваат.
Но покрај тоа што е добро да се знаат правилата, не треба да се заборави и дека секогаш постојат исклучоци, особено кога некоја жена тоа ќе го направи на вистинскиот начин.
Најдобар пример за тоа е шпанската инфлуенсерка Кармен Гимено која важи за една од најдобрите амбасадорки на постарите жени.
На нејзиниот профил можат да се видат најразлични комбинации со кои секоја жена би изгледала многу поубаво и помладо.
Најинтересно е тоа што оваа дама знае да нарави вистинска магија и тоа со брендовите што ни се достапни на сите.
Имено, нејзините комбинации најчесто се составени со парчиња од модните куќи како „Манго“, „Зара“ или „Ејџе енд Ем“, а она што навистина не недостига во нејзините плакари се патиките.
Таа може да се пофали со богата колекција на патики од брендовите „Ванс“, „Адидас“ и „Најк“, а обожава да носи и „бомбер“ јакни.
Па доколку мислевте дека некој од овие модели не е за вас, или пак, потребна ви е инспирација како да носите некое интересно парче кое веќе одамна го меркате и се мислите дали да си го купите, погледнете како тоа го прави оваа неверојатна дама по улиците на Барселона и обидете се нешто да „позајмите“ од неа.
Она што ние го научивме од оваа жена е дека годините не се толку важни, колку што е расположението, кое посебно ќе го истакнете доколку си поиграте со трендовите…
Па, уживајте во стилот на оваа дама.
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено
Фото: Инстаграм/ Кармен Гимено