Реклама
Home Sweet Home

Парче од рајот со поглед на песочна плажа

Реклама

Повеќето од нас за луксузните вили во какви живеат холивудските ѕвезди можат само да сонуваат, но животот е непредвидлив, и кој знае, можеби еден ден и ние ќе се разбудиме во „king-size“ кревет во куќа со седум спални соби, со поглед на песочна плажа, со лежалки од бамбуси… Токму во едно такво фасцинантно издание живее актерка Сандра Булок која одлучи да го продаде.

 

Маркетинг

Сандра Булок имотот на кој има две куќи го купи во 2001 година за 4,5 милиони долари, а сега го продава за 6,5 милиони долари. Прекрасното градба се наоѓа на островот Тиби, мал град во близина на Савана во американската држава Џорџија, познат по своите широки песочни плажи.

Сандра Булок двете нејзини куќи кои се на самото крајбрежје ги уреди во многу пријатен, релаксирачки стил во светли бои и со изобилство на природни материјали. Тие имаат поглед кон песочната плажа и океанот, што ги прави попривлечни за купувачите. Се наоѓаат на површина од 11.129 квадратни метри, а на имотот влегува и дел од плажата кој е долга 60 метри.

Маркетинг

Поголемата резиденција има малку повеќе од 300 и помалата 264 квадратни метри. Во двете куќи има седум спални и пет бањи.

Можеби немаме 6,5 милиони долари, но секогаш можеме да фантазираме или да играме лото и да се надеваме дека имаме среќни раце.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button