Вести

Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Advertisement

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства.

Висината на финансиската поддршка е 600 денари по пчелно семејство.

Advertisement

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го оддржувале бројот на пчелни семејства до 30 ноември 2023 година.

фото пекселс

По овој основ се исплатени 5234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157.3 милиони денари.

Земјоделските стопанства кои имаат пријавено над 50 регистрирани презимени пчелни семејства и се евидентирани или регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или имаат предадено мед во објект одобрен од АХВ, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 200 денари по презимено пчелно семејство со што вкупната финансиска поддршка за оваа категорија на пчелари ќе изнесува 800 денари по пчелно семејство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button