Ова никој не го очекуваше …
При крајот на 90-тите и почетокот на новиот милениумот дамите не излегуваа од еден модел на панталони. Тие толку беа популарни што ги носеа и на школо, на сите семејни настани, но и на свечени пригоди.
Во прашање се таканаречените „карго“ панталони кои оваа пролет се враќаат на голема врата во светот на модата. (Кај нас овие панталони најчесто ги викаме „виетнамки“ или панталони со џебови.) Тие изгледаат по малку робусно и не се баш најженствени, а за тоа допринесуваат и големите, странични џебови. Поради нив панталоните личат на работничкиот или војничкиот стил, исто како и комбинезоните кои исто така се голем хит веќе неколку сезони по ред и ги носат бројни познати девојки од целиот свет.
https://www.instagram.com/p/BvAwAO6lxZi/?utm_source=ig_embed
Вакви панталони уште во годините пред Втората светска војна носеа британските војници, а на почетокот од новиот милениум ги прослави бендот „All Saints“ кои ги носеа во спотот за песната ‘„I Know Where It’s At”
https://www.instagram.com/p/Bv_fShVHJfm/?utm_source=ig_embed
Но за разлика од ретро моделите, денешните „карго“ панталони изгледаат многу поженствено. Тие се потесни и имаат повисок струк кој ја нагласува женската линија, а поради интересниот дизајн сега можете да ги носите буквално со сé – од блузи, џемпери и кратки маици (кроп-топ), до високи потпетици или патики. Изборот го оставаме на вас …
https://www.instagram.com/p/BurB_EMFYzu/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bv_fShVHJfm/?utm_source=ig_embed
Па, дали ви се допаѓа овој тренд?