ПАДНА ОДЛУКА – Овие граѓани добиваат 13 плата!

Од март 2024 година нема да има плата помала од 22.500 денари. Mинималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а просечната 39.500 денари, се пофали министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук-профил.
Властите не пропуштаат ниту една можност да се пофалат дека просечната плата достигнала речиси 39 илјади, ама не кажуваат дека во просекот влегуваат сите плати, вклучително и покачените плати на функционерите. Исто така, со месеци наназад нè потсетуваат дека минималната плата од март ќе се зголеми на 22.500 и оти просечната ќе расте.
-Од 22.500 до 23.000 ќе биде минималната плата од март 2024 година. Ако земеме колку беше во 2022 година, а колку е сега, имаме над седум илјади, речиси осум илјади денари покачување за година и пол на минималната плата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа потсети дека покачувањето е повеќе од двојно во однос на 2017 година, кога минималната плата беше 10 илјади денари.
– Како што растат трошоците за живот и просечната плата, така ќе расте и минималната плата. Просечната плата постојано расте и кога ќе немаме инфлација, ако просечната плата расте, тоа значи дека повторно ќе имаме зголемување на минималната плата, изјави Тренчевска и додаде дека нема да има плата помала од минималната и дека ако некој зема пониска плата, тоа треба да го пријави во Државниот инспекторат за труд за да биде санкциониран работодавачот и да му се усогласи платата.
Управата за јавни приходи изготви податоци според кои во ноември годинава 8.273 вработени во Македонија земале од 1 денар до 20.174 денари плата, 26.537 вработени земале плата во висина од 20.175 денари, што значи дека во ноември 34.810 лица земале минимална плата или под минималец.

Вкупно 324.674 лица на сметките добиле нето-плата во износ од 20.176 до 37.875 денари. Според податоците на УЈП во ноември 150.884 лица добиле плата во висина над 37.876 денари.
Вработените во Агенцијата за катастар на недвижности добија право на исплата на 13 плата. Тоа им е овозможено со Анекс на Колективниот договор за вработените во Катастарот со синдикатот на УПОЗ.
Со овој Анекс на Колективниот договор на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности им се овозможува право на 13 плата согласно исполнети законски услови како и правото од Јубилејна награда за контуинирана работа кај ист работодавач и тоа за: за 10 години – 50% од просечна плата; за 20 години – 100% од просечна плата; за 30 години – 150% од просечна плата и за 40 години – 200 % просечна плати.

– Од 1 јануари 2024 година на сите вработени во АКН со овој анекс ќе им се зголеми додатокот на плата за 5% и истиот сега ќе изнесува 20 % на основната плата, со можност на надминување на нормативната работа за добивање на дополнителни 10%.
На овој начин Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажа како се унапредуваат правата од работен однос како единствен репрезентативен Синдикат во Агенцијата за катастар на недвижности – велат од УПОЗ.




