Неуспешен обид на принцот Вилијам да заведе девојка – но за среќа на Кејт Мидлтон, Меган не падна на шармот на принцот!
Во новата книга која се занимава со животот на британското кралско семејство се откриваат и некои тајни од љубовниот живот на принцот Вилијам, пред да ја запознае својата сегашна сопруга, Кејт Мидлтон.
Кралската биографка Кети Никол во својата книга „Kate:The Future Queen“, со која подигна голема прашина во Британија, ги опиша и неуспешните обиди на Вилијам да заведе една своја колешка од универзитетот Сент Ендрујз.
Таа вели дека многу девојки оделе во екстреми за да го запознаат, а некои дури и ги менувале студиските програми за да бидат поблиску до него.
Но како што вели Кети, некои воопшто не биле заинтересирани за принцот па дури и една за која тој самиот бил заинтересиран. Во прашање е тексашката наследничка Меган Гундерман – Гунди која очигледно не паднала на неговиот шарм и на тоа што е внук на кралицата Елизабета.
Кралската биографка пишува дека Вилијам прв ја забележал Гунди и кога ја поканил да излезат на вечера, што тој не го правел многу често, таа го одбила, и поради тоа принцот уште повеќе се вљубил во неа.
„Го слушнав Вилијам како ја моли Гунди да излезе со неа, но таа го одби“ – изјави еден негов пријател од факултетот и додаде дека постојано ја испрашувал зошто не сака да излезе со него. Таа едноставно не била заинтересирана.
Таа подоцна стана основач и претседателка на хуманитарниот фонд „Foundation For Tomorrow“, а пронајде и вистинска љубов во својот живот – во 2017 година се омажи за спортистот Џејсон Сихрон, играч на NFL.