Откриено што му се случи на човекот поради кој е прекинато тестирањето на Oксфорд вакцината: Ова е сериозна болест
Откако беа запрени клиничките тестирања на оксфордската вакцина која во соработка со универзитетот ја произведува компанијата АстраЗенека, конечно е откриено зошто доброволецот имал нус појави.
Имено, се појавија информации дека тој во меѓувреме добил трансверзален миелитис, односно воспаление на ‘рбетниот мозок.
Иако АстраЗенека наведе дека во прашање е „необјаснета“ болест, Њујорк Тајмс пишува и дека во британската група испитаници се појавил воспалителен синдром кој го погодува ‘рбетниот мозок и може да биде резултат на вирусни инфекции или разгорување на некоја автоимуна болест.
Што е трансверзален миелитис?
Акутен трансверзален миелитис е акутно воспаление на сивата и белата маса од едниот или повеќе соседни сегменти од ‘рбетниот мозок, при што се погодени сите функции на ‘рбетниот мозок под местото на процесот. Прилините за појавување се различни – инфективни, мултиплекс склероза, автоимуни процеси, васкулитиси, употреба на различни лекови и супстанци…
Терапијата е насочена на причината на болеста или на нарушувањето кое довело до појава на трансверзален миелитис. Кај автоимуната природа на болеста се применуваат високи дози кортикостероиди и тераписка примена на плазма. Се применува и останата посебна симптоматска терапија, а потоа се спроведува рехабилизациски третман.
Опоравувањето зависи од причините за настанувањето на болеста, брзината на напредувањето на симптомите и тежината на клиничката слика.
Отприлика еднa третина од болните се опоравуваат (или има минимални симптоми), друг ќе помине со поблаги неуролошки дефицити и нарушена контрола на уринирањето од различен степен, а трета група болни остануваат врзани за кревет и неконтинентни.
Симптомите се покажуваат во вид на отежнато движење и сензорни проблеми.
Натамошните истражувања ќе покажат дали болеста е последица на реакцијата на вакцината.