Откриено е која пејачка од Македонија ќе пее со Луна Џогани

Блогерката Луна Џогани по победата во „Задруга“ веднаш по излегувањето од шоуто се фати за микрофонот.

Таа е решена да тргне по стапките на својата мајка и да започне кариера како пејачка, а преку социјалните мрежи се пофали дека нашата млада пејачка Антониа Гиговска ќе ги пее нејзините придружни вокали, па со широка насмевка ја сподели веста со своите следбеници.

ADVERTISEMENT

„Ја гледав додека бев во Задруга и уживав во нејзиниот глас и убавина, а денес таа ќе ми биде придружен вокал во мојата прва песна ти благодарам многу драга, ме воодушеви. Ти посакувам многу среќа“, напиша Џогани во описот на нејзината заедничка фотографија со Гиговска.

Нашата пејачка се натпреваруваше во втората сезона на талент шоуто Пинкови ѕвездички во 2015 година каде заради својот глас беше една од најдобрите натпреварувачки и тогаш, како и оваа година.

Facebook Comments
(Visited 302 times, 2 visits today)