Реклама
Вирално

Откриени нови детали во врска со случајот што го потресе регионот – Вања ја нема, а овие лица се осомничени

Полицијата работи интензивно за да го расчисти случајот, но за сега не ги открива сите информации

Реклама

Нови детали околу истрагата

Откако вчера министерот Оливер Спасовски за медиумите изјави дека пет лица се приведени во врска со случајот со исчезнувањето на Вања Ѓорчевска, денес и од Јавното обвинителство излегоа со соопштение, но не открија ништо за приведените лица.

Во нивното соопштение се вели дека за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување на 48 часовен притвор од страна на јавниот обвинител за да се обезбеди нивно присуство до целосно расчистување на настанот.

Маркетинг

Фото: Принтскрин

Обвинителството бара притвор за тројца од петтемина што беа приведени во текот на истрагата

„Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, наведува ЈО во соопштението.

Маркетинг

Потсетуваме, 14-годишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во раните утрински часови на патот кон училиштето „Пестолоци“, и тоа во еден од најфреквентните делови на градот.

Местото за кое се претпоставува дека Вања исчезнала…

Исчезнувањето најпрво го пријавила нејзината мајка, на телефонскиот број 112, а по неколку часа тоа го направил и таткото, но во полициска станица, по што полицијата почна интензивно со потрагата.

Мајката на Вања откри дека некаде на ова место последен пат е лоциран нејзиниот телефон, додека Министерот подоцна откри дека за тоа се уште нема конкретни докази.

Фото: МВР

Мајката на Вања за исчезнувањето на својата ќерка објави и на Фејсбук, а во објавата апелираше да не се шират шпекулации.

Случајот ја вознемири целокупната македонска јавност, но и ги крена целиот Балкан на нозе. По девојчето распишана е и потерница од Интерпол за исчезнати лица, а покрај полицијата во потрагата по девојчето се вклучија и бројни граѓани и другари од училиштето во кое што учеше. Тие цело време споделуваа објави на социјалните мрежи и лепеа плакати со нејзини фотографии во населбата во која што живееше, сé со цел да се дојде до било каква информација што ќе допринесе во пронаоѓање на исчезнатото девојче.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Вања е висока 175 сантиметри и има 58 килограми. Нејзината коса е темно кафеава, очите кафеави, носи протези и има бемка на десната страна на лицето

Вања во моментот на исчезнувањето на себе носеше црни панталони со странични џебови, блузон во сина боја, кратка црна зимска јакна, бели патики и школски ранец. Секоја информација за која што сметате дека може да биде корисна во потрагата по Вања, пријавете на дежурниот телефонски број 112 или во најблиската полициска станица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button