Конечно во јавноста излезе датумот на кој Дарко Лазиќ и неговата избраничка ќе го кажат судбоносното ДА, и ќе приредат голема свадбена веселба.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Српски Курир пренесува дека свадбата е закажана на 30-август.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Дарко и Катарина, кои склучија граѓански брак на 8 декември минатата година во присуство на избрани луѓе, овојпат решиле да направат веселба со околу 500 гости.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Само за услугите во ресторанот ќе искешираат околу 25.000 евра, но нема да штедат пари.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Дарко планира да ја продолжи прославата следниот ден во селото Брестач, од каде што е неговата сопруга.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Сите подготовки пејачот и ги препушти на Катарина, а како што моментално стојат работите, прославата ќе биде организирана прво во Нови Сад. Ќе се почитуваат обичаите, а на менито ќе доминираат локални јадења – телешка чорба, сарма, како и печено свинско и јагнешко месо. Посебен специјалитет ќе биде телешкото месо тешко 700 килограми.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Дарко на свадбата ќе покани многу колеги како Андреана Чекиќ, Вања Мијатовиќ, Катарина Грујиќ, Урош Живковиќ и многу други.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Неколку дена пред прославите во Србија, Дарко и Катарина ќе се заколнат на вечна љубов пред Бога во црквата и во најтесниот круг на семејството и пријателите.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Ката сака тие да се венчаат во црква во Австрија, а ако тоа не им успее, ќе му се исполни желбата на Дарко тоа да го направат во црквата Свети Сава каде што неодамна беа видени. Тие потоа се сретнаа со поглаварот на Храмот, владиката Стефан.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
И додека пејачот ќе носи класичен костум за најсреќниот ден во својот живот, Катарина ќе има три венчаници. Наводно веќе купила две венчаници во странство, додека третата ќе биде од познат белградски салон.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
За меден месец го одбрале Дубаи, каде веќе неколку пати биле заедно и кој го обожаваат.
Да потсетиме, и самиот Дарко потврди дека подготвува голема прослава.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
– Ќе се слави два дена, а јас ќе испеам песна за нашиот прв танц. Тоа е песната „Je l’ ti reka ko“ на Петар Грашо, која и јас и Ката ја обожаваме – изјави во една прилика Дарко.
фото инстаграм/Дарко Лазиќ