Откако неодамна се огласи дека трпи насилство одредено време, избраничката на водителот Огњен Амиџиќ реши да се повлече од јавноста.
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
Иако порано беше доста активна на социјалните мрежи, сепак, сега многу внимателно одбира што ќе сподели со јавноста.
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
Избраничката на Огњен се одмара и ужива во трудничките денови, а сега покажа и како изгледа.
Инаку, таа неодамна се огласи по навредите на нејзина сметка и напиша отворено писмо во кое објави дека целосно се повлекува од јавноста – но сега направи исклучок.
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
Мина го покажа својот природен изглед без трошка шминка, а судејќи по фотографијата, бременоста одлично и прилега.
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
Мина неодамна по низа навреди кои ги доби преку социјалните мрежи го објави следново:
– Веќе со месеци ги трпам најлошите навреди и закани поради медиумска кампања (намерно го користам тој термин) при која се шират еден куп лаги и во која ме претставуваа како негативец. Молчев, затоа што така избрав.
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
– Во петтиот месец од бременоста веќе не сакам и немам потреба да бидам изложена на тоа, барем не на мојот Инстаграм профил. Се скрив зад камерите и се повлеков од јавниот живот, бидејќи во овој момент ми треба приватност и мир – напиша Мина и додаде:
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
– Ако сепак имате потреба да седите на мојот профил, чекајќи да видите каде сум и што правам, направете го тоа во тишината на вашите темни ходници, бидејќи во спротивно нема да имате можност. Секој профил што ќе ми испрати нешто лошо ќе биде блокиран. Се разбира, имајте на ум дека тоа нема да ви ги реши проблемите или да ви ги плати сметките. Се најдобро – напиша Мина.