Откако споделија дека очекуваат уште едно бебе Луна и Марко открија како ќе ја крстат ќеркичката- ова модерно име има посебно значење
Тие со нетрпение ја очекуваат втората ќерка...
Откако и дадоа име на својата прва ќерка Миа, јутјуберите Луна Џогани и Марко Миљковиќ решија своето второ бебе да го крстат со буквата „Л“ за иницијалите на нивните деца да бидат исти како нивните.
Во најновото видео на нивниот канал на Јутјуб, парот конечно откри какво име решиле да му дадат на бебето кое со нетрпение го чекаат.
– Миа, како ќе се вика сестра ти? Како ќе се вика бебето кое сега е во стомакот на мама? – ја прашале Марко и Луна нивната наследничка на што таа одговорила: „Лана“.
– Лана, така се вика нашата втора ќерка. Бог да ни дава здравје, само да е жива и здрава – додаде Марко.
Лана, инаку, е име со словенско потекло, а се смета дека е поврзано со името на растението „лен“ или реката Лана.
Името Лана има многу значења, меѓу кои се издвојуваат: гнездо, дом, нежна, личност која е полна со благодат и префинетост…
Инаку парот наредните три недели ќе биде на Кипар каде ќе ја прослават втората годишнина од бракот.