Откако повторно е слободен Богдан ужива во женско друштво – ПОГЛЕДНЕТЕ ја реакцијата на Цеца на неговите фотографии

По година дена романтична врска пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ се разделија.

Тие по разделбата продолжија со своите животи.
Богдан се исели од вилата на Цеца и се пресели изнајмен стан во Нов Белград, а со следбениците на Инстаграм редовно објавува фотографии од кои можеме да видиме што му се случува откако повторно е „слободен човек“.
Тој објави фотографија на која е во женско друштво, а под неа напиша: „Многу е важно да имате вистински пријател“.
Познато е дека Богдан има многу другарки и пријателки, па вакви фотографии воопшто не изненадуваат.
Имено, тој и претходните денови објави фотографија на која се гледа како ужива во женско друштво.

Богдан тогаш беше на Златибор, а интересно е и тоа што една од неговите фотографии и се допадна и на Цеца.

Имено, многумина забележа дека Цеца и по разделбата е пријателка со Богдан на социјалните мрежи, но и дека му става лајкови на новите фотографии. Така беше и кога ја објави фотографија од Златибор, на која позира во весело издание, па си доби „лајк“ и од неговата поранешна девојка.


Цеца и Богдан се разделија по година дена врска, а како што пишуваа медиумите, тие тоа го направија без скандали.

Како што соопштија, причината за крајот на врската беше тоа што нивните емоции се изгаснале, но одлучиле да останат пријатели. Тоа впрочем можевме да го видиме и од овој потег на Цеца Ражнатовиќ, иако некои заради ова мислат дека емоциите меѓу нив се уште постојат.
Бонус галерија

Цеца на Малдивите
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ