Даријан Гулиќ е осумгодишник од Риека кој се откажа од роденденски подароци и побарал наместо подароци пријателите да му донесат храна за кучиња. Тој потоа подарената храна им ја донира на кучињата што сенаоѓаат во азил во неговиот роден град.
Дарежливото момче, со својот благороден гест, во голема мера им помогна на несреќните кучиња,а само оваа година му помогнале 23 деца да собере храна. „Ова е веќе трет роденден кој нашиот син го одбележува на овој начин”, изјави таткото на Даријан, Дејан Гулиќ.
„Сè започна пред четири години, кога тој и мојата сопруга Нена почнаа да волонтираат во азилот. Тие одеа за време на викендите, ќе играа со нив и ќе ги прошетаа, па така мојата сопруга ги фотографираше и објавуваше сликите на итнернет со цел некој да вдоми од нив.”, се присетува таткото додавајќи дека во тоа време, за својот шести роденден, Даријан ја кажал својата желба да не му се купуваат подароци.
https://www.facebook.com/zz.rijeka/photos/a.154141951320299/1639925196075293/?type=3
„Тој ни кажа дека сака да им помогне на кучињата, во замена за неговите подароци за роденден, што веднаш јас и мојата сопруга го поддржавме и му помогнавме колку што можевме. Ова продолжи секој следен роденден, а ова е трета година по ред што Даријан се труди да им помогне на овие кучињата “, вели Дејан.
Споменатиот азил брои околу сто кучиња, затоа често се случува да немаат доволно средства за да се грижат за нив, како што се крпи, ќебиња, подобра храна и слично. Тие, исто така, се обидуваат да мотивираат и да привлечат што повеќе луѓе како семејството Гулиќ, да волонтираат и да им помагаат со кучињата барајќи им иден дом.
Покрај ваквите подароци Даријан доби и куче – кучка Нели, во која целото семејство се заљубило во првиот ден.
„Нели беше пронајдена на снегот во Лика и итно ѝ требаше дом. Бидејќи живееме во мал стан, сакавме само привремено да ја сместиме, но сфативме дека е преслатка исклучително паметна и благодарна кучка. Едноставно решивме дека ќе остане со нас и ја сакаме засекогаш “, призна Дејан, додавајќи дека Даријан особено го сака.
„Ние сите се трудиме напорно, а најважно е да им помогнеме на оние животни чии животи се оставени и зависат од другите луѓе. Моето семејство ниту ние не бараме медиумско внимание ниту пак сакаме да бидеме херои, ние само сакаме да ги приближиме луѓето до идејата да се вклучат во помагањето на овие кутри животни”, рече Дејан.
„Претседателот Зденка Јеловиќ како и волонтерите се добри луѓе, би сакал повеќе луѓе да им помогнат колку што можат. Тие немаат ништо и секојдневно работат на овие животни, го прават тоа со толку многу љубов што е невозможно да остане рамнодушен“, изјави Дејан.