Реклама
Новости

Осумгодишни деца ги избричија главите за да го поддржат нивното болно пријателче (фото)

Реклама

Осумгодишниот Лук Нелсон од Оклахома ретко ја напушта куќата без својата капа откако неговата коса му падна. Имено, на ова момче му беше дијагностицирана алопеција, што се манифестира со ненадејно губење на косата, што во голема мера влијаеше на неговата самодоверба.

Но неговите соученици одлучиле да му помогнат и како знак на поддршка тие по зимскиот распуст решија да се појават на клупите со избричени глави за да нивниот сокласник не се чувствува осамено.

Маркетинг

„За осумгодишниот Лука поради губењето на косата навистина му беше тешко. Откако му падна, тој ја стави капата на главата и постојано се криеше зад неа”, вели неговата мајка, Сузан Нелсон за магазинот „People“.

Маркетинг

Косата на момчето минатата есен почнала да паѓа во помали прамени, а до Божиќ немаше ниту едно влакно на главата. „Кога тоа се случи, најпрво неговиот брат, Сем, реши да ја избричи главата, а потоа и мојот сопруг го стори истото”, додаде мајката Нелсон.

Потоа истото го направија и неговите сокласници од третото одделение. Сите 14 одлучија да го направат овој чекор за да го поддржат своето другарче. „Откако по зимската пауза се вратија на училиште, тие сакаа да го поддржат Лука. Најпрво го прашаа што ќе го направи да биде среќен, па потоа одлучија и тие да ги избричат своите глави”, вели Нелсон.

 

На 19 јануари, момчињата се собраа во фризерскиот салон и ја спроведоа својата одлука во дело.

„Децата постојано се смееја, си даваа пет, славеа и јадеа крофни. Кога Лука сфати дека повеќе не е единствениот кој нема коса, ја соблече капата и со гордост почна да чекори наоколу”, вели неговата мајка, додавајќи дека овој гест од пријателите му го промени животот.

„Сега имам многу поголема самодоверба. Конечно можам да бидам свој. Мислам дека е важно да ја објавите мојата приказна и да им помогнеме и на другите децата кои се сметаат за различни”, вели малиот Лука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button