Османи на прва прошетка со новородениот син – ужива во татковството
Министерот за надворешни работи ужива со семејството.
Третиот син донесе огромна среќа во семејството на Османи.
Успешен политичар, одличен доктор, посветен сопруг и грижлив татко.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
Бујар Османи своето работно искуство како доктор го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година. Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија. Но, никогаш не се откажал од својата примарна докторска професија.
Во брак е со Валбона Османи, која е вистинска убавица.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
И двајцата се активни на социјалните мрежи, а честопати споделуваат и семејни фотографии.
Бујар и Валбона се родители на 3 деца, ќерката Елиза, синот Мали и третиот син Луан кој го добија пред еден месец.
ФОТО: Фејсбук / Бујар Османи
На 11 вефруари семејството излезе на прошетка низ центарот на градот, која воедно беше и првата прошетка на малиот Луан.
Бујар ужива во татковството, а доказ за тоа се следните фотографии: