Органџиева во ова издание изгледа како милион долари, а многумина „ШОКИPAНИ“ кога ќе видат колку чини фустанот што го носи
Познатата скопска трендетерка на социјалните мрежи ги распамети фановите со своите последни фотографии.
Агнеса Органџиева која важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи и овој пат избра провокативен креација која е во чекор со најновите трендови, но и во која истовремено изгледа елегантно, женствено и модерно како никогаш досега.
Имено Агнеса на социјалните мрежи ги изненади фановите со тиркизниот фустан со длабок шлиц со кој никого не остави рамнодушен.
Следуваа бројни коментари и комплименти од нејзините фанови дека изгледа фантастично во ова издание, а најинтересно е тоа што на една Фејсбук страница, каде што Агнеса ја сподели фотографијата (види тука), слични фустани се продаваат по цени од 1750 денари, па и поевтино.
Во прашање е преубава креација која изгледа ефектно уште на прв поглед, посебни заради длабокиот шлиц.
Она што посебно дојде до израз овој пат се нозете на Агнеса кои токму заради шлицот беа во преден план.
Таа со својата поза ги воодушеви сите, но и со заводливиот поглед со кој никого не остави рамнодушен.
Ова секако дека не е фустан што досега никој не го носел, но мораме да признаеме дека истиот совршено стои на телото на Агнеса. Кројот е како создаден за неа, па специфичниот изглед создава толку добар ефект што познатата модна блогерка изгледа како „милион долари“ во него.
Посебно интересен е отворот во пределот на половината кој суптилно го открива и овој дел од телото.
Како Агнеса изгледа и во неколку други интересни изданија, погледнете од галеријата во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева