Реклама
Вирално

Опасност од нов круг на зараза: Научниците пронајдоа уште еден вид коронавирус во лилјаците

Реклама

Најновите истражувања укажуваат на тоа дека Ковид-19 најверојатно еволуирал по природен пат, односно тргнал од лилјак па преминал на други животни сѐ додека не ги развил потребните мутации за преминување на човек и покренување на глобалната пандeмија.

Научниците во најновото истражување оваа хипотеза ја поткрепуваат со пронаоѓањето на уште еден вид коронавирус кај лилјаците и со воочување на специфични мутации кои вметнуваат генетски материјал во вирусниот геном. Такви мутации покажуваат дека ваквите промени во геномот, каде доаѓа до еволуција на вирусот, многу лесно можат да настанат по природен пат, пишува Сајнс Алерт.

Маркетинг

„Откако се појави ковид-19, постоеја разни шпекулации за тоа дека тој вирус е создаден во лабораторија“, рече микробиологот Веифенг Ши од Универзитетот Шандонг за медицински студии.

„Конкретно, некои рекоа дека инсерти на С1/С2 делуваат многу необично и дека можеби се работи за лабораториски манипулација. Нашиот труд јасно покажува дека ваквите промени се одвиваат во дивина, по природен пат“, додаде тој.

Маркетинг

Новооткриениот вид коронавирус, кого тимот го нарече RmYN02, идентификуван е во втората половина од 2019 година во текот на анализа на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои живеат во провинцијата Јунан во Кина. Научниците по проучувањето на примероците откриле два речиси комплетни нови геноми на коронавирусот – RmYN01 и RmYN02.

RmYN01 слабо се поклопувал со коронавирусот кој е причина за моменталната пандемија (САРС-КоВ-2). Но тоа не било случај со RmYN02, кој 93,3% од својот геном го дели со вирусот САРС-КоВ-2.

Што се однесува до процесот на вметнување, RmYN02 содржи аминокиселини на местото на кое се состануваат двете подединици С1 и С2. САРС-КоВ-2 исто така има инсерти на С1 и С2. Иако не се работи за исти аминокиселини, овие инсерти покажуваат дека до процесот на инсертирање може да дојде по природен пат.

И покрај многуте сличности на овие два коронавируси, не значи дека RmYN02 е директен предок на коронавирусот кој предизвика моментална глобална пандемија, посебно ако се земе во предвид дека во важниот ген за врзување на рецепторите се поклопуваат во само 61,3 отсто. Но пронаоѓањето на новите геноми на коронавирусот и натаму е многу важно зошто може да ни открие како вирусот САРС-КоВ-2 се развил во она што е денес.

„Нашата студија наново потврди дека лилјаците, посегно оние од видот Rhinolophidae се важни природни резервоари на коронавирусот и дека во нив се наоѓаат, колку што ни е досега познато, најблиските роднини на вирусот САРС-КоВ-2, напишаа научниците во својата студија.

Досега на вирусот кој предизвикува Ковид-19 најсличен му е коронавирусот RaTG13, исто така пронајден кај лилјаците, со кој РНК се поклопува 96,1 %.

„Ниту RaTG13 ниту RmYN02 не се директни претци на вирусот САРС-КоВ-2 зошто се уште постои еволуциски јаз меѓу тие вируси“, објаснува Ши.

„Нашето истражување укажува на тоа колку се потребни натамошни студии и истражување на повеќе видови диви животни за да ги откриеме вирусоте кои се слични на вирусот САРС-Ков-2. Можеби ќе ги најдеме и неговите директни предци, што може многу да ни каже за тоа како овој вирус преминал на луѓето“, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button