Опасна мама: Гавазова со пиштол во рака – не сме ја виделе во вакво издание
Македонската фолкерка ги изненади своите фанови со фотографија на која позира со пиштол во рака.

Гавазова се впушти во интересна авантура со сопругот и ќерките.
Пејачката секој слободен момент го корист да ужива со своето семејство.

Доста е активна на социјалните мрежи, каде освен што споделува детали за нејзините настапи, често покажува и каква домаќинка е
Од нејзините јадења буквално ќе ви надојде вода на устата.

Се труди на своите деца секогаш да им приготвува македонска традиционална храна, која нејзиното семејство ја обожава.
На бината е како лавица, а може слободно да се каже дека во моментов е една од нашите најдобри пејачки.

Освен со глас, таа може да се пофали со фантастичен стас.
И покрај тоа што и има родено двете ќерки Селена и Емили, таа изгледа како девојка.
За неа времето како да запрело и буквално изгледа како на почетокот на својата кариера.

Заедно со сопругот и децата живее во Шведска, а кога не е на настап таа се труди секој момент да го помине со најсаканите.
Овој пат тие се впуштија во интересна авантура и заминаа на посета на место кое потсетува на Дивиот Запад.

Пејачката веднаш се вклопи во амбиентот, па си стави каубојски шешир, а најголемо внимание привлече фотографијата на која таа позира со пиштол во рака.
Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова