Оние што вежбаат фитнес полудеа по новата опрема од Версаче и покрај солената цена

ADVERTISEMENT

НЕ e тајна дека спортот и модата одат заедно, а одличен доказ за тоа е и новата колекција на познатиот бренд.

Имено, Версаче љубителите на здравиот живот и вежбањето ги „почести” со нови дизајни. Интересно е што овој пат, тоа не се само патики и хеланки со нивното препознатливо лого, туку и опрема за вежбање.

ADVERTISEMENT

 

Па случајно ако ви е здодевно во теретаната да ги делите теговите со другите или едноставно сакате да ја збогатите вашата  колекција со нова фитнес опрема, можете да се почестите со еден пар златни тегови (или можеби со црните?) со потписот на познатата модна куќа.

ADVERTISEMENT

Но не заборавајте дека за ова задоволство треба да издвоите 400, односно 488 евра овие тегови.

Исто така ако решите да почнете да се занимавате и со кошарка, Версаче се погрижи и за тоа. Оваа топка ќе ве чини „само“ 190 евра, но ако го земеме во предвид воодушевувањето на љубителите на овој бренд што владее на социјалните мрежи за овие парчиња, сигурни сме дека ваквите солени износи на многумина нема да им пречат.

View this post on Instagram

WISHING YOU #VERYVERSACEHOLIDAYS

A post shared by RUNWAYBOUTIQUEPRISHTINE ® (@runwayboutique_prishtine) on

,

Facebook Comments
(Visited 79 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT