Оние кои ја имаат ОВАА КРВНА ГРУПА се најзагрозени од коронавирусот: Научниците откриваат
Луѓето со крвна група А(II) најмногу се подложни на зараза со коронавирусот, додека оние со нулта крвна група се најотпорни, е резултатот од истражувањето на кинеските научници кое е објавено на сајтот medRxiv.
Кинеските научници ги прегледале податоците на 2.000 пациенти од болниците во Вухан и Шенжен, вклучувајќи и над 200 кои ја загубија битката со болеста.
Според нивните податоци, меѓу жителите на Вухан 34 отсто од нив имаат крвна група 0, 32 отсто тип А (II), 25 отсто Б (III) и 9 отсто AБ (IV).
За да дојдат до овие податоци, научниците анализирале крв на 3.700 граѓани од Вухан кои не се заразени од коронавирусот.
Од друга страна, најмногу заразени жители на Вухан (38 отсто) биле со А крвна група, додека 26,4 заболени со Б крвна група, а 25,8 отсто имале нулта крвна група. Најмалку пациенти, десет отсто биле оние со АБ крвна група.
Според тоа, се вели во истражувањето, најзагрозени се оние со крвна група А, додека меѓу кои кои се со нулта крвна група сразмерно најмалку имало заболени од вирусот КОВИД-19.
За да ја проверат својата теорија, тие направиле и контролно истражување на 398 пациенти од Вухан и Шенжен и ги добиле истите резултати.