Реклама
Шопинг

Омилениот модел на патики во ново руво – еве зошто Македонките ќе ги обожаваат овие линии

Познатиот спортски бренд ќе произведува и поевтина варијанта на овој модел

Реклама

Новиот Самба модел на патики од „Адидас“ оваа сезона ќе добие свој нов дизајн кој веќе ги освои љубителките на модата.

Најновата трансформација е инспирирана од обожавателките на овој модел кои со своите најразлични DIY варијанти ги воодушевуваа сите на социјалните мрежи. Сакајќи омилените патики да ги направат посимпатични и оригинални, тие на врвките им додаваа беџови, бисери и значки, а обичните памучни врвки ги менуваа со сатенски и така започнаа вистински тренд.

Маркетинг
Фото: Адидас

Ова секако не можеше да помине незабележано и од страна на дизајнерите на Адидас, посебно откако дизајнерката Каролин Ху ги трансформираше во неверојатни креации за потребите на својата ревија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

И така се роди и идејата нов Самба модел, кој всушност е многу сличен со стариот, но овој пат со сатенски врвки.

Фото: Адидас

Тие доаѓаат со врвки од белузлава розова нијанса, додека моделот е изработен од светкава кожа и изгледаат како да имаат металик нијанса, со веќе добро познатите и препознатливите бели детали.

Фото: Адидас

Немаат сите 150 евра за патики

Како што информираат од компанијата, Адидас оваа сезона планира да лансира попристапни модели на популарните патики со три линии, како што се верзиите на Самба и слични модели и тоа по цена од 60 до 80 долари (од 55 до 75 евра) што е поприфатлива опција во однос на другите модели кои се и двојно поскапи.

Како што пренесува Ројтерс, извршниот директор на компанијата, Бјорн Гулден, изјавил дека овие модели ќе се продаваат и преку нискобуџетните продавници како што се „Deichmann“ и „Intersport“, и се наменети за оние што не можат да си ги дозволат поскапите варијанти.

Фото: Адидас

Во продолжение погледнете неколку варијанти на култниот модел кој е хит и меѓу девојките во нашата земја…

Фото: Адидас

Фото: Адидас

Фото: Адидас

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button