Омилениот дезен на сопругата на Кристијано Роналдо – тренд што мора да го пробаме!
Џорџина Родригез повторно во центарот на вниманието

Младата манекенка која успеа да го заведе фудбалскиот ас Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви сите со својот беспрекорен стил. Откако својата љубов ја крунисаа со раѓање на ќерката Алана Мартина, очите на јавноста се вперени во познатиот пар и будно го следат секој нивен чекор. И откако Роналдо го заобиколи светот со фотографија на која позира во костим за капење, на ред дојде и неговата поубава половина која исто така подига бранови каде и да се појави.
https://www.instagram.com/p/BnQ2NpUh2Hf/?utm_source=ig_embed
Имено, манекенката ужива да го покажува своето занесно тело за кое покрај генетиката виновни се и здравата исхрана и часовите поминати во теретана.
https://www.instagram.com/p/BndtrxthV-3/?utm_source=ig_embed
Но Џорџина изгледа провокативно и кога е облечена од глава до пети, а за тоа сведочи и ова нејзино издание во кое носи тесен фустан со животински дезен кој максимално ги истакна нејзините облини и шик високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/BnkTTS5BJYc/?utm_source=ig_embed
Погледнете уште неколку изданија во кои сопругата на Роналдо го носи овој популарен дезен.
https://www.instagram.com/p/BnlVgilAXJP/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BnlVu8-gMB4/?utm_source=ig_embed



