Реклама
Вирално

Од денеска почнуваат строгите Петровденски пости: Внимавајте, до 12. јули ова не смее да го јадете

Реклама

Православните верници денеска го почнуваат Петровденскиот пост кој завршува ден пред Петровден, празникот кој се одбележува на 12. јули.

Петровденскиот пост се нарекува уште и апсотолски, и почнува првиот понеделник после Духовденската недела и трае до празникот на Светите апостоли Петар и Павле.

Маркетинг

Почетокот на Петровденските пости е подвижен, зошто зависи од Велигден, а крајот е подовижен. Поради зависноста од почетокот на овој пост од Велигден, Апостолскиот пост може да трае една недела и еден ден, а најдолго шест недели.

Според правилата на верата, целта на постот не може да се постигне само со воздржување од мрсна храна, туку и од воздржување од лоши мисли, зборови и дела и со задолжителна молитва, по пример на Спасителот кој постел во пустината и чиј пример потоа го следеа Богородица и апостолите.

Маркетинг

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

Во текот на овој пост, понеделник, среда и петок се постат на вода. Вторник и четврок се постат на зејтин, додека сабота и недела на риба.

Овој пост е сличен на Божиќниот, иако е нешто поблаг. За време на нивното траење не се јаде месо, бел мрс (млеко и млечни производи) и јајца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button