Реклама
Вирално

Одлука која збуни многу луѓе: Верниците од денеска при влез во црква мора да остават број на телефон

Реклама

Верниците во Словенија во иднина на влезот во црква пред миса ќе мора да остават лист со својот телефонски број, без име или презиме или адреса, пишува во новата црковна препорака ускладена со здравствените власти поради спречување на ширењето на коронавирусот, пренесуваат медиумите.

Мерката стапува на сила денеска, а ќе биде пременувана само при свечени миси во недела или на празници, зошто на мисите во текот на неделата присуствуваат помал број верници кои свештеникот обично ги познава сите, се наведува во известувањето за свештениците.

Маркетинг

Податоците за оние кои присуствувале на верска служба мора да се чуваат 30 дена, а во случај на зараза или епидемија треба да се предадат на надлежните за да се утврдат контактите со заразените. Кутијата со листовите на кои се телефонските броеви на верниците, се уништува по 30 дена, ако пред тоа не се утврди дека во црквата престојувало инфицирано лице.

Ако бројот на заразени во општината значително се зголеми, свештеникот во текот на мисата мора да носи маска, а кризми се дозволени само на отворено. Мисите на отворено за најмногу 500 луѓе, се дозволени ако е обезбедено дека меѓу верниците има пропишана физичка дистанца, а ако нема, сите мора да носат маски, да ги дезинфицираат рацете и да ги предадат своите телефонски броеви, пренесуваат медиумите.

Маркетинг

Новите мерки и посебни рестрикции се воведени и за другите верски собири, дружења, духовни вежби и семинари, а до следната мерка се укинати и сите дозволи за духовни семинари и предавања кои ги изведуваат бискупите, монахињи, монаси и лаици од странство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button