Интересен плетен дизајн кој секоја девојка би сакала да го има во плакарите.
Голема е веројатноста џемперите и сите видови плетени ткаенини веќе да се дел од вашето секојдневно издание, но исто така многу веројатно е и веќе малку да сте изморени од истите модели што ги носите неколку сезони, а во понудата се уште не сте нашле нешто што ви е интересно.
За среќа, денес благодарение на социјалните мрежи можеме да пронајдеме интересни модели без воопшто да се движиме низ продавниците, па така денес ќе ви претставиме интересен плетен џемпер што оваа сезона го носат сите светски трендсетерки. Во прашање е едноставен двобоен геометриски дизајн потпишан од страна на францускиот „хај-стрит“ бренд „Sézane“, и е достапен во комбинација на кафеава и бела и две нијанси на розова.
Погледнете како го комбинираат овие дами, а потоа во галеријата што следува откријте уште неколку одлични џемпери со сличен дизајн.
https://www.instagram.com/p/Bqu_eh4nT0Y/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BqQAqGWhpM8/?utm_source=ig_embed
Zoe Jordan
Yerse
Perfect Moment
& Other Stories
Madeline Thompson
Givenchy