Овој фраер не успеа да ја однесе Ана Бекута до олтарот- пејачката го остави па конечно ја откри причината за крај на врската
Пред да започне љубовна романса со сега покојниот Милутин Мркоњиќ, Ана Бекута, како што некогаш се пишуваше, беше подготвена да носи туѓ прстен на раката.
Поранешното момче на Ана Бекута, за кое се зборуваше дека ќе ја води пејачката до олтарот, бил бизнисменот Далибор Минџин.
Очигледно врската била бурна, иако бившиот дечко на Ана Бекута планирал заеднички живот, сепак по една година дојде крај на љубовта па пејачката тогаш рече:
– Мојата страсна „романса“, која една година ги полнеше страниците во весниците, заврши по моја волја и тоа треба да биде доволно за сите што ја следеа од различни причини. Бидејќи немам навика да „коментирам коментари“, нема да го правам тоа ниту овој пат. Беше прекрасно додека траеше и не се откажувам од оваа возбудлива и едукативна епизода во мојот живот – рекла Ана избегнувајќи да ја потврди веста за новото момче.
– На Далибор и на оние кои инсистираа на тоа благовремено им кажав дека оваа врска не може да прерасне во заеднички живот. Што се однесува до спомените, тие ќе останат убави, а некои од нив се дефинитивно фотографии од мојот албум, кои ви ги испраќам бидејќи се уште не избледени… На Далибор му посакувам се најдобро – заклучи Бекута.
Потоа Бекута започна врска со Милутин, со кого беше се до неговиот последниот ден, а нејзиниот син Игор од привот брак со клавијатуристот Александар Савиќ многу го почитувал и го ценел Милутин.
– Мојот син не сака да се експонира во јавноста и едвај можеме да го натераме да дојде со нас на некое случување. Едноставно не сака медиуми. Милутин и Игор совршено се сложуваат. Игор го почитува Милутин повеќе од својот татко, зборувала пејачката своевремено.
Иако нивната љубов беше бајковите изминатите години само една желба не биле во можност да им се оствари, истакнала пејачката.
– Жал ми е што немам дете со Милутин. Сакав порано да сме се сретнале и да имаме потомство. Тој би бил одличен татко сигурна сум во тоа, зборуваше Бекута.
-Животот нас не спои малку касно за тие работи, но тука се моите внуци кои нас тоа ни го надоместија. Често зборуваме тој и јас како би ни се викало детето, дали би сакале повеќе момче или девојче…
Сакаме да мечтаеме бидејќи нашата љубов е навистина силна, изјавила Ана Бекута пред неколку години.