Кралицата Максима и кралот Вилем Александар од Холандија за посетата на илјадниците извидници од 50 земји во Ворбург повторно избра елегантно издание од кое не се откажува ни кога треба да оди во шума.
За посетата на кампот убавата кралица овој пат избра здолниште со дупчиња, едно од најпосакуваните модели без кој ни ова лето нема да помине.
Откако се појавија во светот на модата облеката со мали ласерски дупки постојани е во тренд.
Од тренди фустани, до здолништа и блузи – сите изгледаат женствено, прозрачно и романтично и секоја жена би сакале да ги има во своите плакари. Токму во едно такво парче се појави и кралицата на Холандија. Во прашање е здолниште од модната куќа „Chanel“ и салонки со подебела пета.
Неодамна и помладата сестра на Кејт Мидлотн, Пипа Мидлтон, беше видена во слично шик издание. Таа тогаш „фураше“ преубав бел фустан со „издупчен“ материјал со потписот на лондонската дизајнерка Мкој тогаш го комбинираше со сини сандали со полна пета.
На ист начин размислуваше и мајката на Пипа и Кејт Мидлтон, Карол, која на натпреварот на Вимблдон носеше нешто пократок фустан со ¾ ракави во комбинација со чанта во боја на коњак и еспадрили со полна пета.