Реклама
Наши ѕвезди

Овој згоден Македонец победи во „Ѕвездите на Гранд“ – и Карлеуша го обожаваше, беше омилен кај дамите

Победи во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа исчезна...

Реклама

Музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се имаат појавено голем број пејачи, а еден од нив е и Ристе Ристески од Охрид.

Ристе беше победник во „Ѕвездите на Гранд“ во 2017 година, во единаесеттата сезона, и тоа според гласовите на публиката.

Според гласовите на жирито победник во оваа сезона беше Алекса Перовиќ, но миленик на публиката беше Ристе.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Неговите изведби на грандиозната сцена се уште се вртат на Јутјуб, a по еден негов настап кога пееше песна од Тоше Проески, Аца Лукас, Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша излегоа на сцената за да му честитаат, нешто што навистина ретко сме го гледале во ова шоу.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тој е толку сладок, секси.. ти благодарам што пееш на македонски. Македонскиот е толку секси“, му порача тогаш Карлеуша.

По победата во шоуто Ристески сними неколку песни и спотови кои станаа хитови и имаат милионски прегледи, а се уште се популарни и неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој по победата се обиде да направи кариера во Белград, каде некое време и живееше, но потоа реши да се врати во родниот Охрид и продолжи со настапи низ клубовите во Македонија.

Карактеристично за овој млад и симпатичен пеач е и тоа што никогаш не ги полнеше медиумите со скандали и трачеви, за разлика од многу други негови колеги и колешки што кариерата ја започнале во „Ѕвездите на Гранд“, туку симпатиите и довербата на публиката ги стекна исклучиво со својот талент и песните што ги снимаше.

Инстаграм/ Ристе Ристетски

Повторно возбудливо финале

Тој беше и остана миленик на многу дами од регионот, иако во последно време многу ретко се истакнува во јавност.

Ристе во последно време и многу поретко објавува фотографии на социјалните мрежи, но денес, во пресрет на големото финале во „Ѕвездите на Гранд“, се потсетуваме на неговата победа во шоуто, искрено надевајќи се дека некој од тројцата кандидати од Македонија би можел да го повтори неговиот успех како и успехот на струмичанката Славица Ангелова во овој натпревар.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, оваа сабота е големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ кога нашата публика ќе има можност да гласа за своите фаворити.

Од Македонија во финалето ќе ги гледаме Андријана Петрушовска, Мелиса Зијадиќ и Мики Секуловски, а дали некој од нив ќе го освои тронот и ќе триумфира, наскоро ќе имаме прилика да дознаеме.

Но не треба да заборавиме и дека овој музички натпревари изродил бројни ѕвезди, од кои повеќето не биле победници, што значи дека триумфот во шоуто не значи и дека некој засекогаш ќе остане на медиумското небо.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Од победниците во шоуто досега најуспешни биле Милица Тодоровиќ, Дарко Лазиќ, Мирза Селимовиќ и Амар Гиле Јашарспасиќ, но има и многу пејачи кои за време на натпреварот ветувале многу, имале поддршка од гласачите и жирито, но само кратко блескаа на естрадата и по некое време беа потполно заборавени од јавноста.

Инстаграм/  Славица Ангелова

Но што ќе се случи со пејачите од оваа сезона, засега никој не знае, а единственото нешто во што сме сигурни е тоа дека нашата публика ќе биде тука за нашите натпреварувачи. Но и дека “шоуто мора да продолжи“, впрочем како и секогаш, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button