Овој детаљ ќе биде еден од водечките трендови за 2019

Речиси секоја сезона носи со себе и ИТ обувки кои комплетно ќе го залудат светот на модата, а овој со својот изглед апсолутно ги исполни сите водечки трендови.

Па што е тоа што овие месеци постојано го гледаме на модната сцена кога е уличната мода во прашање? Кога ќе повлечеме линија резултатот е очигледен: животински дезени, животински дезени и животински дезени – тие веќе неколку месеци по ред се неприкосновени.

ADVERTISEMENT

Покрај здолништата и чизмите во речиси 90 отсто од случаите се закитени со овој дезен. Едноставно, леопардот и змискиот дезен веќе дефинитивно стојат на исто ниво со култните бои или материјали кои припаѓаат на класиците. Наша задача е само да одлучиме во која шара е најдобро да инвестираме, затоа што едно е потполно сигурно, а тоа е дека со овие шари во 2019 нема да бидеме прогласени за некој што носи нешто што е аут или од минатата сезона.

 

Во последно време, она што го забележавме е дека девојките кои се сметаат за вистински трендсетерки се луди по чизмите на француската модна куќа Chloé. Се сеќавате кога на времето сите сакавме да ги имаме нивните Susanna чизми со нитни во која боја и да ни понудат?! Или пак да не ги споменуваме чизмите „Balenciaga Ceinture“ со отворени делови и препознатливи ремени надградени со тешки златни и метални копчиња. Ова навистина култно парче се појави во 2011 година и оттогаш не престанува да биде меѓу постојано распродадените модели на официјалната веб-страница на брендот.

 

Но, да се вратиме во Chloé, чии творци понудија еден вид хибриди на двата мега-успешни парчиња чизми. „Rylee Chloé“ чизми дебитираа на ревијата за пролет 2018 година. Ги имаме видено како ги носат популарни актерки и модели како што Сиена Милер, Марго Роби и Криси Тајген. Во прашање е модел на чизми до глуждот со cuout делови и остри врвови, и сеопфатна форма која ги рангира и малку во обувки со вестерн стил. Доаѓаат во различни бои, но ние е дискретно ви шепотиме дека моделите за 2019 со кроко и змијски ефект доминираат на улиците на светските метрополи.

Извор: Elle.rs

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed