Овој детаљ од животот на Тоше Проески се уште е голема мистерија – тажни стихови што кријат една тајна
Кој го напиша еден од најголемите хитови на Тоше Проески?
Овој детаљ од животот на Тоше Проески се уште е енигма
Песната на Тоше Проески, „Соба за тага“, и денес е хит, а малкумина знаат за тажната приказна што стои зад неа.
Како што своевремено пишуваа медиумите, текстот за оваа песна наводно го напишал човек кој бил во затвор.
И како што пишуваат тогаш медиумите за оваа песна, авторот на нејзиниот текст, односно затвореникот бил осуден на повеќегодишна казна заради убиство на љубовникот на својата сопруга.
Принтскрин/ Јутјуб
Овој текст некако стигнал до менаџерот на Тоше, а како што пренесуваа бројни портали, авторот наводно не сакал пари за песната, туку само посвета на оригиналниот албум, што и го добил, пишуваат медиумите.
Покрај оваа приказна, за оваа песна постои уште една верзија како настанала, но оваа е нешто поблага, односно затвореникот што наводно го пишувал текстот бил осуден заради грабеж на банка, а не заради убиство, а песната била посветена на неговата девојка која, наводно, не можел да ја види со години.
Принсктин/ Dicsogs
Како и да е, вистината е дека оваа информација не може да се потврди со ништо, а она што е сигурно е дека песната има свој автор.
Принсктин/ Dicsogs
Всушност и на самиот албум, како и на интернет страницата „Dicsogs“, за автор на песната е запишана Марина Туцаковиќ.
Принсктин/ Dicsogs
Принсктин/ Dicsogs
Но без разлика кој ги напишал овие стихови, станува збор за една од најубавите песни на легендарниот македонски пејач.
Принсктин/ Dicsogs
Неговите дела ќе останат засекогаш…
Потсетуваме, Тоше Проески го загуби својот живот во 2007 година, а многумина и денес не можат да се помират со преголемата загуба.
Принтскрин/ Јутјуб
Тој беше и остана еден од нашите најголеми пејачи, кој и ден-денес живее преку неговите песни, но и делата што ги остави.
Имено, манастирот Свето Преображение Господово во близина на Крушево, каде Тоше Проески го пронаоѓаше својот духовен мир и кој важеше за неговиот втор дом, минатата година беше осветен и отворен.
Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирот, а голема улога во неговата обнова имаше и самиот Тоше кој донираше многу средства за негово возобновување и секогаш гордо кажуваше и дека тој помагаше и со физичката работа при градбата.
Фејсбук/ Манастир Св. Преображение
Како изгледа манастирот денес и преубавиот фрескоживопис во него на кои погледнете од фотографиите во продолжение…
Фејсбук/ Манастир Св. Преображение
Фејсбук/ Манастир Св. Преображение
На зборовите на незаборавниот и непрежалениот Тоше Проески за ова волшебно место, каде што тој го пронаоѓаше својот духовен мир и за кое велеше дека знае дека на крајот ќе заврши тука, во овој манастир, потсетете се од видеото во продолжение…