Овој бренд ги има најубавите обетки со животински дезени

Оваа сезона животинските дезени се ИН.

Се носат од глава до пети, а популарни се сите – од оние со шарите на дивите мачки, се до зебри, питони, па дури и крокодилски дезени и шари на желки кои бележат се поголема популарност особено кога се во прашање модните додатоци. Во прв план се чантите, но овие дезени се преселија и на популарните украси за коса и накит. Водејќи се според овој тренд во продавниците на брендот „Machete“ ќе најдете преубави обетки со шари на желка (претежно големи алки). Брендот што го осмисли Џенифер Мачете понуди безвременски дизајни во облик на накит (обетки, нараквици и украси за коса), а како изгледаат и како би стоеле погледнете од фотографиите што следуваат.

ADVERTISEMENT

ADVERTISEMENT

 

Facebook Comments
(Visited 11 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT