Овие фотографии Карлеуша радо би ги запалила – без силикони, слаба и потполно непрепознатлива, на селска прослава!

Ова нема да и се допадне на Карлеуша

Фото: Принтскрин

И покрај тоа што Јелена Карлеуша упорно негира дека некогаш пеела на селски прослави и панаѓури, на интернет постојат фотографии кои зборуваат нешто сосем друго, а се појавија и живи сведоци кои го потврдија тоа.

Нејзините колешки од „Ѕвездите во Гранд“, Вики Миљковиќ и Снежана Ѓуришиќ во емисија кажаа дека таа пеела на селски прослави, но Карлеуша ги демантираше. Сепак, новинарите на српскиот Курир го нашле Радомир Милошевиќ од село Рожанци во општина Барајево, кој е жив сведок дека Карлеуша пеела на селски прослави.

ADVERTISEMENT

„Јелена не ја познавав лично, но бев на чекор од неа пред 25 години. Беше многу млада. Дојде во Арнајево да пее на забавата што тогаш ја организираше локалниот фудбалски клуб. За цела среќа и времето не послужи, а на игралиштето се вртеа јагниња и прасиња. Сите сакаа да ја видат Јелена бидејќи до тогаш ниту една позната личност немаше дојдено во нашиот крај. Таа беше прва и жал ми е што повеќе никогаш не дојде. Знаете, во тоа време познати личности можевте да видиме само на црнобел телевизор Ел Ниш“, се сеќава Радомир, кај кого посебен впечаток оставил изгледот на тогаш се уште младата пејачка кој многу се разликува од оној сега.

Фото: Принтскрин

„Немаше силикони, туку беше природно убава и слаба девојка. И тогаш привлекуваше внимание со својата необична боја на глас. Направи бум. Луѓето фрлаа бакшиш по сцената. Таа не сакаше да го допира, туку музичарите по концертот ги собраа тие пари, верувале или не, во вреќи! Тоа за нас беше празник“, вели за српскиот „Курир“ Радомир и додава дека подоцна многу се разочарал од пејачката.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Имено, тој вели дека ја следат во „Ѕвездите на Гранд“ и сите се крајно разочарани што не сака да признае дека пред 25 години пеела во нивното село. Тој само и порача дека изгубила многу фанови во неговиот роден крај.

Извор: Kurir.rs
Facebook Comments
(Visited 2.735 times, 1 visits today)