Овие фармерки на никој не му стојат совршено, но и покрај тоа многу Македонки ги обожаваат
Кои фармерки се идеални за секоја жена?
Според модните критичари тесните фармерки со висок струк се модел кој може да им стои добро на секоја жена. Најдобри се оние кои се во црна или темно сина боја, без да имаат осветлени, испрани детали и апликации.
Од друга страна ако постои модел кој најнеблагодарно се однесува кон женското тело тогаш тоа се фармерките со рамен крој и со скратени ногавици. Токму во еден таков модел деновиве можевме да ја видиме познатата актерка Мила Кунис која ги носеше со едноставна сива блуза и бели патики од Адидас кои се хит веќе неколку сезони.
Но без разлика што овие фармерки можеби не можат да го постигнат истиот ефект како „skinny“ моделите, тие се мошне удобни за носење и можат да изгледаат мошне тренди ако паметно ги комбинирате, па сигурни сме дека и понатаму ќе им се навраќате, исто како и познатата актерка.