Овие туристи ги пречека двоен шоk на одмор: Уплатиле евтин апартман во Грција, а завршиле во ковид хотел со 5 ѕвездички!?
На многумина им пропадна годишниот одмор, а на другите им е одложено летувањето на неодредено време, а некои пак поминаа подобро отколку што се надевале.
На некои животот им е мајка, на други маќеа! Додека еден број српски туристи поради позитивниот тест на ковид-19 мораше да го прекине одморот, други добија повеќе отколку што платиле. Тестот кој е направен во автобус со српски туристи на бугарско-грчката граница Промахонас покажа дека две семејства и две другарки на Тасос – позитивни! Прво следувал шок, а потоа и решение. Веднаш се префрлени во ковид-хотел.
Локалните власти на Тасос донеле одлука сите туристи позитивни ан ковид како и асимптоматските случаи да го продолжат летувањето во ковид-хотел. За позитивните туристи одреден е луксузен хотел со соби кои гледаат на море и полн пансион.
Позитивните туристи главно во Грција тргнале со уплата на евтин апартман, а добиле „ковид ол инклузив“ во луксузен хотел.
Здравствените власти во Грција се подготвени, зошто бројот на заразените од вирусот ковид-19 е во пораст, а повеќето случаи се поврзани со туристичктие патувања, посебно оние кои доаѓаат од балканските земји, пишува Катимерини.
-Еден случај кој предизвика посебна загриженост, а станува збор за државјанин на Србија кој летувал во Аидипсос на Евија. По тестирањто тој и неговата сопруга се позитивни, а здравствените власти се обиделе да ги идентификуваат нивните контакти, вклучувајќи го и таксистот кој го возел до болница.
Весникот пишува дека Србинката е прв случај на заразен до коронавирус на островот Крф, додека четворица српски државјани кај кои е утврдено дека се позитивни уште на граничниот премин, сместени се во специјален карантински хотел на Тасос.
Националната организација за јавно здравје соопшти дека 33 нови случаи на заразени од ковид-19 има во Грција, а 21 се туристи. Без оглед на порастот на бројот на заразените, грчките власти дополнително ги ублажија мерките кои се однесуваат на борбата против коронавирусот и соопштија дека повеќе не е задолжително носењето маски во трговките центри, иако за вработените во дуќаните и натаму остануваат задолжителни, и исто така е укинато ограничувањето од најмногу шест гости на една маса во грчките барови и ресторани. Министерот за здравство Василис Кикилиас ги повика регионалните и локалните власти д аги засилат инспекциите во кафулињата и рестораните.
Во Грција повеќе заразени доаѓаат по копнен пат отколку авионски
Грчкиот министер за здравство рече дека во Грција поголем дел од заразените со ковид-19 допатувале во таа земја по копнен пат, отколку со авион. И покрај зголемениот број случаи во Грција, Кикиљас рече дека ситуацијата е под контрола, и дека нема да дозволи да биде надвор од неа.