Белите кошула се класик без кој не можеме
Но покрај белата кошула постојат и некои други модели кои веќе неколку сезони по ред се во тренд. Овој пат во фокусот ни се три модели кои можеме да ги носиме во сите годишни периоди, а можат да им стојат убаво на сите и со нив ќе ја подигнеме секоја модна комбинација.
Познатите трендсетерки овие модели ги обожаваат веќе подолго време, а откако ќе ги видите следните модни комбинации ќе се вљубите и вие во нив.
https://www.instagram.com/p/Bm1fmmTgRg2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кошула со длабок „V“ израз
Овој модел на кошули одлично им стои на жените со мали, но и на оние со големи гради. Сјајно изгледаат во комбинација со фармерки, нешто пошироки панталони, но и со тренди здолништа, а совршен моден додаток за нив е овој вид на кошула со неколку тенки златни огрлици.
https://www.instagram.com/p/BklDcH3ArwV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/Blvi_U7nbzS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/Bhy8bi0HzRI/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кошула врзана во предниот дел
Покрај тоа што изгледаат опуштено и шик, вака стилизираната кошула изгледа одлично и без обѕир на материјалот, дезенот или бојата.
https://www.instagram.com/p/BmIbSyIgenr/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BlZOCjjA-ZI/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кошула на преклоп
Ако сакате да го нагласите струкот, а не ги сакате фустаните што се на преклоп, тогаш пред вас имате една едноставна одлука – изберете кошула на преклоп. Таа на телото ќе му даде силуета на песочен часовник, а покрај вашата половина совршено ќе ги нагласи и вашите гради.