„Грдата мода“ ќе биде присутна и во топлите месеци
Овој тренд на сцената е присутен веќе со децении, а ги истакнува дизајнерите како визионери во обидите да ја откријат убавината и естетиката и во парчиња кои на прв поглед изгледаат необично, па дури и грдо. Нивната задача е да експериментираат со нови и различни комбинации на бои, текстури и облици, и да ја претстават естетиката на грдото во поинакво светло, во една друга „фенси“ димензија.
Ваквиот однос кон модата во последните неколку сезони е мошне популарен, а тоа можеме да го забележиме и кај најпознатите дизајнерски имиња кои во своите колекции имаат „грди“ парчиња кои се вистински хит. Такви се и новите сандали со етикетата на модната куќа Прада кои се фантастичен спој на мода и удобноста.

Во прашање се едни од најбараните сандали за оваа сезона, кои веќе ги освоија трендсетерките од целиот свет. Верзијата со кожа и големо, релјефно лого веќе е распродадена на популарната интернет продавница „Нет-а-портер“, но се уште се достапни различни бели, црни и проѕирни модели.

Погледнете уште неколку слични модели …
Urban Outfitters $50
Teva $85
Suicoke $180
Prada Logo Sandals $590
Melissa $85
Kenzo $290
Gucci $890
Birkenstock Arizona Slide Sandal $40
Па, што велите за овие удобни и тренди сандали? Дали би ги носеле и во вашите кежуал изданија?