Овие последни фотографии со кениската Кралица на слоновите ќе ве остават без зборови

ADVERTISEMENT

„Ако не ја видев со свои очи, можеби немаше да верувам дека таков слон постои на нашиот свет”.

Повеќе од 60 години, слоницата позната како „F_MU1“, луташе низ низините на Тсава, Кенија. Таа беше една од последните преостанати африкански слонови со „супер-рогови“ кои досегаат до земјата.

ADVERTISEMENT

Британскиот фотограф Вил Бувард-Лукас направи неколку неверојатни фотографии со слоницата пред да умре од старост. „Ако постоше кралица на слоновите, тоа сигурно ќе беше таа“ изјави фотографот за „Newsbeat“.

Во цела Африка има преостанато помалку од 30 такви слонови, пишува „Би-Би-Си“.

ADVERTISEMENT

 

Вил на овој проект потроши 18 месеци, а повеќе за ова негово искуство можете да прочитате на неговиот блог.

Првиот пат кога ја виде, вели дека останал без зборови. „F_MU1 беше слаба и стара, но чекореше со достоинство”, пишува тој „Нејзините рогови беа толку долги што ја гребеа земјата пред неа. Таа беше како реликт од минатото“.

 

„Го преживеа ужасното време на ловокрадците и нејзина победа беше и во тоа што нејзиниот живот не заврши прерано во некоја стапица, од куршум или отровна стрела”, додава тој под една од неговите преубави фотографии.

 

 

Фотографии на Вил ќе бидат објавени во неговата нова книга „Земја на великаните”, а некои се објавени на Инстаграм и истите можете да ги видите тука.

Последната фотографија со F_MU1 е покрај водата.
„Тоа беше чувство на привилегија и еуфорија која ќе остане со мене засекогаш”, вели тој.

Facebook Comments
(Visited 152 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT