Овие неколку дечиња од Македонија им одржаа лекција на возрасните – покажаа како со малку труд можеме да го исчистиме секое маало
Покрај големиот број бизарни предизвици на интернет, ова е нешто што потполно не воодушеви.
Имено, откако се појави предизвикот „#Trashtag Challenge“ во која задачата е да ја фотографирате природата пред да ја исчистите и потоа на интернет да ги споделите резултатите со овој хаштаг, виралниот тренд кој потполно не воодушеви конечно пристигна и во Македонија.
Им честитаме на луѓето кои овој тренд го започнаа во светот, иако никако НЕ треба да ја заборавиме и акцијата „Не биди ѓубре“ на нашите актерки Ирена Ристиќ и Сања Арсовска и нивната „тајфа“, кои неколку месеци пред овој тренд да се појави на светско ниво, правеа вакви акции низ градов кои навистина се за пофалба. (Се сеќавате кога нашите актерки го исчистија дворот на Клинички во Скопје? Или Кале, Аквадуктот, Градскиот парк, кејот, пред влада, зад влада… Епа затоа и ние ја користиме оваа прилика да ги поздравиме овие дами и да им порачаме дека се закон!)
Ирена Ристиќ во акција
И откако пред недела дена објавивме пост во кој имаше одличен пример од светот, но и со еколошката акција организирана од студентите, професорите и вработените во Природно-математичкиот факултет во Скопје, деновиве повторно сме воодушевени од наши сограѓани. И тоа овој пат во прашање не се возрасни, туку деца кои ни го разубавија денот. Погледнете ги фотографиите …
Па големо БРАВО за овие наши мали херои. Се надеваме дека нивниот позитивен пример ќе го следат и останатите, и пред се возрасните, и сите заедно ќе ја исчистиме Македонија. Кога можат тие, можеме и ние, нели?
па, ајде,