Со доаѓањето на миленикот во овашиот дом, се зголемуваат обврските. Сега, во вашиот живот, има уште едно битие.
Тоа е суштество кое не може да се грижи за себе и на кое му треба вашата помош секој ден. Но, постојат и оние животни кои имаат некаков дефект.
Тоа може да биде вродено или да се појави по некоја повреда или болест. Таквите животни бараат поголемо внимание и грижа. За некои луѓе, тоа е премногу, и тие дури и не размислуваат за усвојување на такви животни.
Но, постојат луѓе со големо срце кои сакаат да се грижат за овие мали. Тие ја прифатиле оваа улога, се грижат за оние животни кои речиси од сите се отфрлени, а од нивните совршено -несовршени домашни миленици ја добиваат целата љубов.
Сите се согласија дека ваквите животни покажуваат благодарност повеќе од било кој друг.
Се надеваме дека ова видео ќе покаже и докаже дека грижата за овие миленици не е нешто негативно.