Ова тешко болно детенце го прослави третиот роденден и ги победи лошите прогнози на докторите
Малиот го прослави третиот роденден иако докторите поради тешката болест не веруваа дека ќе живее повеќе од две години.
Неш има ретка неуромускуларна болест и неодамна доби вистинско изненадување кога на неговиот трети роденден пристигна парада од повеќе од 100 камиони, автобуси, автомобили и други возила.
Парадата беше одржаа во Линколншир во Илиноис, во знак на прослава на роденденот на Неш Стинеман.
„Неш е најинспиративното човечко суштество и најјаката личност што ја познавам“, изјави мајката Британи Стинеман за „Good Morning America“.
На малиот му беше дијагностицирана мускулна атрофија кога имаше само 11 месеци, што предизвикува слабост на мускулите и отежнато дишење. Болеста е предизвикана преку наследство на мутација на гените, според податоците на Информацискиот центар за генетски и ретки болести.
Неш е единственото лице во Илиноис на кое му е дијагностицирана таквата болест. Докторите предвидуваа дека ќе живее само две години.
Непрофитната организација „Smash SMARD“ која што ја отвори семејството на малиот Наш соработува со истражувачите за пронаоѓање на можност на лечење. Досега се собрани два милиони долари за лечење на својот син и другите деца кои се како него и на кои им е потребна слична терапија.