Ова се 10-те најдобро облечени познати жени од цела Македонија за 2023 година, а еве и зошто
Тие блескаат каде и да се појават, а нивните комбинации се инспирација за многу жени...
Да го изберете најубавото од најдоброто никогаш не било лесна работа
Полека се ближи најлудата ноќ во годината, па решивме да направиме една листа со најдобро облечени наши познати дами.
Станува збор за познати жени од Македонија кои во 2023 година не воодушевуваа со своите фасцинантни модни приказни, но и за кои најчесто пишувавме во изминативе година дена. Тие имаат свој препознатлив моден израз и оригиналност, па за нив можеме слободно да кажеме дека се нашите модни икони, а препознатливи се и по тоа што сите имаат голем број фанови.
Да, тие се нашите модни икони кои со својот шарм изразен преку модата ги инспирираат останатите жени, без разлика дали станува збор за нивните комбинации со кои што изгледаат како холивудските диви на црвениот килим или пак за оние нивни секојдневни, опуштени или деловни изданија во кои исто така блескаат.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Кои се овие наши познати дами и зошто токму нив ги избравме за оваа Топ 10 листа, погледнете од фотографиите во продолжение – веруваме дека ќе ви се допадне нашиот избор.