Реклама
Наши ѕвезди

Ова се претставниците на македонското жири што ја налутија Марија Шерифовиќ, но и поголемиот дел од нашата публика

Реклама

И Македонците се разочарани што нашето жири не даде ниту еден поен на претставничката од Србија.

И покрај тоа што македонското жири не и даде ниту еден поен на претставничката од Србија, Невена Божовиќ, која настапи со песната „Круна“, многу познати српски ѕвезди искрено навиваа за Тамара до самиот крај на натпреварот.

Маркетинг

Па така познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ неколку пати на социјалните мрежи сподели дека за него победничка е Тамара, а нејзиниот настап го поздрави и најголемата фолк-дива на Балканот, Светлана Цеца Ражнатoвиќ.

И Марија Шерифовиќ ја повика Србија да гласа за неа, додека Јелена Карлеуша уште втората полуфинална вечер ја прогласи нашата претставничка за победничка, и ја потсети својата нација за кого треба да го даде својот глас.

Маркетинг

Но она што никој не го очекуваше и ги разочара сите е тоа што нашето жири не даде ниту еден поен на претставничката од Србија, Невена Божовиќ. По ова следуваше бурна реакција од Марија Шерифовиќ и Гоца Тржан на социјалните мрежи, па многумина се запрашаа кои се претставниците на нашето стручно жири што го направија овој „лапсуз“.

„Македонија не и даде ниту еден поен на Србија? Дали видов добро? Најдете кој е во жирито. Најдете“, напиша на Твитер Марија Шерифовиќ, а сличен коментар сподели и Тијана Дапчевиќ, сестра ѝ на Тамара. „Бескрајно е погрешно што Македонија не ѝ даде поен на Србија. Разочарана сум од тоа жири“ – изјави Тијана за српските медиуми.

Од друга страна ова предизвика револт и кај дел од нашата публика. Па така на социјалните мрежи можевме да прочитаме коментари како „Големо срамота за жирито во Македонија“, „Браво за цела Србија која искрено гласаше за Тамара, а нашите не дадоа ни еден глас за Србија, па еве мораме ние да се извинуваме во нивно име“, пишуваат револтираните корисници на социјалните мрежи.

Инаку, по завршувањето на финалето на официјалната страница на Евровизија беше објавени имињата на жирито. Претседателка на жирито кои со овој потег разочараа многумина е Сузана Стефановска, а членови се Фјола Исмаили, Роберт Вукелиќ, ди-џеј Тина и Ристо Апостолов.

Поврзано

Back to top button