Кожени салонки, skinny push-up фармерки и неизбежните кожени моторџиски јакни се водечки на листата со најпродаваните модели за пролет 2019 во продавниците на познатиот шпански бренд.
Пролетните колекции веќе пристигнаа во продавниците на познатите хај-стрит брендови, а од Манго ни пристигна и листата со бестселери за овој период од годината. На листата има некои очекувани, но и некои помалку очекувани модели.
Кожните моторџиски јакни и шик капути направени од волна дефинитивно се во рамките на она што се очекуваше. Тие се совршени за преодниот период и веќе со години се клучни парчиња во пролетните колекции.
Покрај ова во тренд се и push-up панталоните и фармерки, фустаните со неодоливи цветни мотиви и опасните салонки со дезен од змиска кожа, дезен кој се претвори во еден од најпопуларните во новата сезона.