Ова се најдобрите модели на патики што стојат најубаво со црни и темносини фармерки

Оваа сезона трендовите се преполни со животински дезени, квадратчиња, цвеќиња и други интересни шари.

Во мода се модни додатоци, па и облека зачинета со светки, бисери и разноразни други апликации кои можеме да ги носиме од глава до пети.

ADVERTISEMENT

Еднобојните модели повеќе не се ИН

Ваквите дезени и додатоци не ги прескокнаа и новите патики, без разлика дали ги преферирате оние со подебели ѓонови или класичните модели. А ако веќе одлучите да се подновите со еден пар вакви патики, не заборавајте дека овие модели одговараат најдобро со црни или темносини фармерки, но и дека ќе го разиграат секое ваше модно издание.

Дали шарените модели ќе ја достигнат популарноста на белите патики?

Во продолжение погледнете ги најдобрите модели на тренди патики што нашите модни уредници ги избраа од познатите продавници (од кои повеќето ги има и во Македонија), а со кои ќе му се спротивставите на есенското сивило.

Bershka

Deichmann

Dorothy Perkins

H&M

Mango

Pull&Bear

Stradivarius

Topshop

Zara

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed