Ова маче е вистински хит, а неговите фотографии ќе ви го кренат расположението

Неговиот шарм ќе ве освои на прв поглед

Ви го претставуваме Ах Феј – мачорот со неверојатен шарм кој неодамна ги освои срцата на луѓето ширум светот со своите фотографии и стана вистински хит на интернет. Сигурно се прашувате зошто ова маче е толку популарно? Па причината се крие во неговите фотографии.

ADVERTISEMENT

Неговите драматични реакции изгледаат како да станува збор за некој професионален актер, а не милениче кое е најдено на улиц. О да, Ах Феј е мачор кој до неодамна живееше на улица, но во еден момент од животот му падна секирата во медот – најде нова сопственичка и нов дом во кој сега се чувствува како цар. Неговото име на кинески значи Дебелко и совршено го опишува неговиот карактер – мрзлив, но крајно симпатичен и со единствена мана – може постојано да јаде.

Па, дали ве потсеќа не некого?

Живее во кинескиот град Јиангсу, а брзо ќе ви стане јасно зошто е толку популарен на социјалните мрежи.

 

Facebook Comments
(Visited 86 times, 1 visits today)