Ова кученце беше неподвижно, но благодарение на добрите луѓе прооди и сега му бараат нов дом

ADVERTISEMENT

Сани (Сонце) е името и надежта за подобро утре на ова симпатично кученце. Нејзината приказна почнува лошо, таа беше ставена во вреќа заедно со нејзините браќа за да бидат фрлени во некоја депонија, но добрите луѓе спречија тоа да се случи.

Иако се чинеше дека е тоа почеток на среќа,  за Сани не беше така. Таа беше сместена во засолниште каде ја нападна куче и и го повредило ‘рбетот, па поради тоа остана неподвижна. И како да не беше доволна оваа несреќа таа се разболе и доби пневмонија.

ADVERTISEMENT

Волонтерите слушнале за нејзината приказна и ја земаа од засолништето, и со многу напор, работа и терапија успеале да и помогнат на Сани да закрепне. Таа е мила и палава кучка која тежи 10 килограми на една година.

Таа е нежна и добро се согласува со другите кучиња, но се плаши од луѓе, па секогаш мора да биде со водичот, за да не избега. Сака играчки и кога ќе се опушти е многу среќна и разиграна. За неа, идеален дом би бил со друго куче, и луѓе кои имаат трпеливост и ќе продолжат со физикалната терапија, велат волонтерите од Хрватска кои се грижат за ова куче.

ADVERTISEMENT

Mala, plaha, preslatka Sunny traži najbolji mogući dom na svijetu <3 Ljude sa puno ljubavi, nježnosti i strpljenja <3 Sunny je zaista poseban pas <3 Molim vas podijelite <3

Posted by Mirna Gajčević on Сабота, 09 март 2019

Нејзината физичка состојба се подобрува секој ден, а волонтерите се надеваат дека Сани конечно ќе го најде својот дом.

Што се случи со другите кученца од торбата никој не знае – се надеваме дека тие имале повеќе среќа отколку Сани.

Facebook Comments
(Visited 11 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT