Едно мало кутре седеше тажно два дена, додека не беше забележано од спасувачите кои се грижеа за напуштените животни.
Тоа се тресеше кога му пријдоа луѓето кои жабележаа дека тоа е во очајна состојба. Откако го подигнале од ѓубрето за да го стават во транспортна кутија, забележале дека некој му ја отсекол ногата.
Тие се упатиле кон ветеринарот кој веднаш рекол дека е чудо што малото куче преживеало. По бањањето кучето веднаш беше одесено на операција, а неколку дена подоцна беше привремено сместен.
Нозете мораа да му се ампутираат, но ова куче секојдневно се повеќе и повеќе покажуваше колку всушност сака да живее. Тој брзо го пронајде згиржувачкото семејството кое го мази и сака. Обожава пливање и трча како вистински шампион и, што е најважно, никогаш повеќе нема да биде само.