Бурак Озчивит и неговата сопруга Фахрие Евџен неодамна по втор пат се остварија во улога на родители.
Познатиот турски актер се прослави со улогата на маркантниот Бали-бег во популарната серија „Сулејман величествениот“ и оттогаш тој и е миленик на женската популација како во Турција, така и во сите останати земји од регионот во кои се емитуваше серијата…
Тој е во среќен брак со неговата колешка Фахрие Евџен со која има два сина, Каран и Керем, од кои вториот син се роди во јануари оваа година.
Но и покрај големата популарност, речиси никој досега немал прилика да види како изгледа мајката на Бурак.
Имено, таа е вистинска убавица, така што повеќе од очигледно е дека тој својата убавина ја има наследено од неа.
Инаку, младиот турски пар речиси постојано е во медиумите, а до неодамна се пишуваше дека нивниот брак е во криза.
Но по секој ваков натпис во турските медиуми, Бурак и Фахрие ги демантираа гласините со нивни заеднички фотографии.
Од нив можеме да видиме дека уживаат во семејниот живот и дека максимално им се посветени на нивните два сина.
Се зборуваше и дека Фахрие е во лош однос со мајката на Бурак и дека заради тоа нивниот брак се наоѓа во криза.
Посебно за време на короната, кога целото семејство морало да биде дома, па Фахрие често се расправала со свекрвата.
Тогаш турските медиуми објавија дека нивните расправии достигнале до тоа ниво што Фахрие и викала на свекрвата Чејхан, по што Бурак застанал на страната на својата мајка и тоа создало проблеми во нивниот брак.
Но познатиот пар и тогаш ги демантираше овие вести и со нивните заеднички фотографии покажаа дека се е во ред со нив.
Тие во јули минатата година обелоденија дека Фахрие повторно е бремена и тогаш ги изненадија нивните фанови.
Приновата дојде во јануари оваа година, а неодамна познатата актерка ја сподели и првата фотографија од бебето.
Погледнете како таа изгледаше и додека беше бремена…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм